ГАЛЕБ

Режисер:

Нина Николиќ

Автор:

Антон Павлович Чехов

Драматург:

Драгана Лукан Николоски

Играат:

Звездана Анѓеловска

Никола Ристановски

Дарја Ризова

Петре Арсовски

Емил Рубен

Дамјан Цветановски

Сашка Димитровска

Благој Веселинов

Тина Трпкоска

Славиша Кајевски

Аксел Мехмед

Костимограф:

Ивана Каранфиловска Угуровска

Сценограф:

Вишња Вујовиќ

Дизајнер на светло:

Крис Јегер

Кореограф: 

Димитрис Сотириу

Композитор:

Влатко Стефановски

Видео и фотографија:

Петар Кочишки

Дизајнер на плакат:

Димитар Димитров

Премиера 18 декември 2018

во Македонски народен театар (Голема сцена)

Времетраење: 120 мин со пауза

 
1/12

Драматуршка белешка

Според некои непишани правила, ова требаше да биде еден теориски текст кој ќе одговори на прашањето:„Зошто Чехов и зошто денес?“, но како што секогаш се случува во неговите драми, во еден момент се променија околностите.

Духовите на театарот се разбудија. Сосема непланирано и случјано, заради сплет на околности, предпремиерата на овој „Галеб“ ќе се случи на истиот ден кога пред 120 години, во Московскиот Уметнички Театар се случила премиерата на оној „Галеб“, оној на Станиславски.

Духовите на театарот се разбудија. Понеделник, вечерна проба. Одеднаш воздухот на сцената се разбранува. Пристигна веста за заминувањто на Горан Стефановски и во немоста која нѐ надвладеа, низ молк се постави прашањето: „Зошто Горан и зошто денес?“. Тој влезе во оваа наша претстава без никаков план и ќе остане засекогаш присутен во секој нејзин збор и во секоја нејзина тишина. Сплет на околности... „Животот уште еднаш го победи театарот.“ би рекол некој.

„Галеб“ е драма која што теоритичарите ја сметаат за прирачник кој Чехов ни го оставил за да ни каже каков театар треба да правиме. Големите писатели се ослободени од егоистичната потреба за менување на светот, тие само имаат неиздржлива потреба да ги запишат сопствените опсервации за истиот. Животот е она на кое што сакаат да не поучат. Затоа и Чехов и Горан се секогаш и секаде, затоа што и овој свет е создаден од зборови, а зборовите од кои одекнува живот остануваат да треперат во вечноста. Само театарот во кој е вткаен и трепери животот на крајот ќе го победи животот, онаков чист, искрен, игрив, Чеховски. А тој театар не се прави, тој само суптилно отвора еден прозорец и ни дозволува да влеземе тајно како крадци, да се вгнездиме како во мајчината утроба и да станеме едно со душата на целиот светот.

Сепак на крајот ќе одговорам на прашањето на кое овој текст требаше да има интенција да одговори: „Затоа што Чехов е секогаш.“ Тоа прашање ќе престанеме да го поставуваме во моментот кога конечно ќе сфатиме дека драмите на Чехов се живот, чист, суров, концентриран живот кој се случува секогаш и секаде, на сите јазици и во секоја сегашност.

Драгана Лукан Николоски

04.12.2018

Скопје

Фестивали и гостувања

11.06.2019 - International Theatre Festival "Varna Summer" Bulgaria ​

13.06.2019 - World Theatre in Sofia, Bulgaria​

21.01.2020 - Meet in Beijing Arts Festival, Peoples Republic of China

PERIPETIJA © 2017