ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии
Перифериите се места на солидарност кои партнерите во PROSPER имаат за цел да ги истражат преку создавање врски помеѓу еколошки ранливите региони, преку серија транснационални културни соработки.
Главните приоритети се да се ангажираат уметници и локални заедници во два региони со големо еколошки значење; поточно островот Евија во Грција кој претрпе деструктивни шумски пожари во 2021 година и Охридското Езеро во Северна Македонија, кое претрпе деградација поради човечка активност загрозувајќи го неговото ендемско значење. Двата региони се погодени од СОВИД, каде што работниците од областита на културата и туризмот бараат начин кон одржлива и инклузивна иднина.
Целите се да се придонесе за развој на модели на транснационална соработка кои ќе овозможат посилни врски меѓу европските уметници и организации, разновидна публика која вклучува локални заедници и сектори за одржлив културен туризам; како и подобрување на градењето капацитети за управување со проекти водени од различни организации во развој.
ПРОСПЕР вклучува 5 партнерски организации (LOOP, Eho Animato, Peripetija, Oyoun и Local Development Agency - Struga), 6 придружни партнери и повеќе од 40 учесници кои заедно ќе создадат резиденции, колективни искуства за заедничко учење помеѓу уметниците и локалната публика, меѓународни копродукции во изведувачки и визуелни уметности, обука за зајакнување на капацитетите нс културни и туристички работници и прототип на одржливи и инклузивни резиденции во периферии.
Целта е да се зајакне меѓународната културна соработка, методологиите за интегрирање на еколошките прашања во уметничката практика, посилна соработка помеѓу уметноста и туризмот, нова локална публика, видливост на европските уметници и посилни капацитети за дополнителни проекти кои овозможуваат одржливо и инклузивното менаџирање. Сето ова ќе биде реализирано низ: 2 резиденции, 1 прототип, 2 еднодневни фестивали, 2 копродукциски изведби, 1 изложба, 1 аудиопрошетка, 2 публикации, 12 работилници, 5 обуки за градење капацитети и 10 презентации.
Овој проект е кофинансиран од Програмата Креативна Европа на Европската Унија.
ПЕРИФЕРИИ
Групна изложба / уметничка резиденција во рамките на проектот ПРОСПЕР
Осуммина меѓународни уметници престојуваа во Охрид во април 2024 година како дел од проектот ПРОСПЕР: ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии. За време на престојот тие се сплотија со околината и остварија интеракција со природата и со урбаното опкружување околу Езерото.
Идејата на резиденцијата беше да се инспирираат уметниците да пронајдат врски помеѓу нивната авторска практика и кревката околина на Охридското Езеро и неговите жители. Уметниците кои беа дел од резиденцијата се изразија преку создавање: фотографии, скулптури, композиции, поеми и интервенции на пронајдени предмети. Траги од нивното креативно истражување се изложени во рамките на групната изложба. Делови од програмата се случуваат и на самото Езеро и во неговата околина.