Основач и член на уметничкиот тим
Нина Николиќ
Нина Николиќ, родена 1987 година во Скопје, е театарски режисер и доктор по театарска уметност. Режирала бројни театарски претстави, а како уметнички раководител на Перипетија е активна од 2015 година. Николиќ е вклучена и во реализацијата на меѓународни проекти и има активен придонес кон развојот на независната културна сцена.
Член на уметничкиот тим
Ивана Каранфиловска Угуровска
Ивана Каранфиловска Угуровска, родена во Скопје 1986 година, е реализиран костимограф. Нејзиното портфолио вклучува бројни театарски продукции во дел од најзначајните театри во Скопје. Нејзината посветеност на занаетот е очигледна во деталите, при што секој изработен костим јасно говори за карактерот, приказната и во целост се вклопува во естетскиот израз на целината.
Член на уметничкиот тим
Саша Ханџиќ
Саша Ханџиќ дипломирал на Академијата за сценски уметности во Сараево во 2007 година. Член е на ансамблот на Босанско народно позориште Зеница од 2008 година каде реализирал бројни улоги. Остварил актерски креации и во: радио драми, ТВ серии и филмови. Ханџиќ е добитник на повеќе актерски награди на различни театарски фестивали во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија.
Член на уметничкиот тим
Маја Трајаноска Ивановска
Маја Трајаноска Ивановска, е преведувач чие портфолио говори за нејзиниот исклучителен придонес во театарскиот превод. Како преведувач е активна во регионални проекти и проекти поддржани од Европската Унија. Нејзините преводи се карактеризираат со врвен квалитет кој потекнува од нејзината страст кон лингвистиката и деталите во преводот.
Член на уметничкиот тим
Благој Веселинов
Благој Веселинов, роден на 27.02.1984 година, дипломирал на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Игра во голем број на театарски продукции, а неговата биографија е богата и со исклучителни улоги на филмското платно. Веселинов е добитник на повеќе награди и признанија помеѓу кои и „Shooting Stars“ во 2019 година на Берлинскиот филмски фестивал.