top of page
Mad Forest @Nina Nikolikj

КОЈ ПУКАШЕ НА 21ви?

Страшната и трауматична историја на Романија,ставена во денешен контекст како да опоменува и има силен ангажиран однос кон секојдневието

што го живееме. 

Кој пукаше на 21

Режија:

Нина Николиќ

 

Автор:

Керил Черчил

 

Актери:

Ѕвезда Ангеловски/Кристина Леловац Петре Арсовски

Благој Веселинов

Стефан Вујисиќ

Нина Деан

Билјана Јовановска

Мартин Јорданоски

Владимир Лазовски

Нина Максимова

Владимир Петровиќ

Кристијан Светиев

 

Актери на видео:

Синоличка Трпкова,

Васил Зафирчев,

Дарја Ризова,

Снежана Стамеска

 

Продуцент и дизајнер на постер:

Русе Арсов

 

Костимограф:

Ивана Каранфиловска Угуровска

 

Сценограф:

Јане Чаловски

 

Видео и фотографија:

Ѓорѓи Клинчаров

Музика:

Александар Пејовски

 

Премиера 23 октомври, 2014

Младински културен центар (Сала 25 Мај)

Времетраење: 95 мин

ПРЕС

 

Нина Николиќ направила паралела со денешните политички демонстрации во Македонија. Претставата ја карактеризира документаристичка сировост која формално ја зајакнуваат снимките од немирите во Романија во осумдесетите и оние од современа Македонија. Воведен е исто така и пренос на дејствијата кои се играат во живо што дополнително го зајакнува документаризмот. Суштински, станува збор за општествено-политички предизвикувачка претстава за повеќеслојноста на значењето на револуцијата, за нејзините различни страни, исходи, интереси.

http://www.politika.rs/sr/clanak/356241/Revolucije-u-sadrzaju-i-formi

 

„[…] Како продукција која е сосема во контекстот на театарот кој денес се создава/игра во Европа: ангажиран, вистинит, на лице место сé се отвора. Трае и завршува без "скриени" места во играта на актерите, во видео снимките со оригинални содржини или актерски интерпретации.„ http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=CDCA5C01E8141943891FF4EDE511C8C2

 

”Претставата е одлично документирана и одлично одиграна […] сите ликови се автентични, претставата е навистина успешна. И најдобро од сѐ е што авторите прават паралела помеѓу романската револуција и моменталната ситуација во Македонија.„

http://lateatru.eu/padurea-nebuna-teszt-2016/

Секоја култура има свои доминатни историски настани, кои самите по себе се толку драматични, што театарот ги зема така готови и може да ги искористи за основен материјал за градење на фабулата. Еден од тие големи, клучни историски настани е револуцијата во Романија, 1989-та – што е земен како главна тематика на драмата Mad Forest на британската авторка Керил Черчил. Меѓутоа, нејзиното поставување во 2014 година во Македонија не би било театарски оправдано, ако нема паралела со тековната општествена ситуација и затоа е мошне важно да се прецизира контекстот во кој е создавана оваа претстава. Се разбира дека, тргнувајќи од ваква драмска предлошка, според принципите на трендот на документарниот театар, општествениот контекст е претставен низ конкретни семејни и интимни приказни на ликовите, а фабулата, според фрагментарната драмска структура на авторката е прикажана низ три основни поглавја. Режисерката Нина Николиќ создава претстава што е позиционирана на неколку плана, со цел да се направи сложувалка од главниот настан и ликовите вклучени во истиот. И видеоматеријалот и конкретните сценски изведби, како и вмрежувањето на неколкуте доминантни микростории, се поставени како своевидна текстура од која треба да се нагласи главното прашање поставено и во насловот на претставата. И за оние запознатите со овие историски настани, но и за оние што првпат се сретнуваат со нив, фабулата е јасна и затоа е подложна на нејзино општествено контекстуализирање. Главниот проблем – историскиот чин на распадот на една диктатура е пренесен преку интимните приказни на неколкумина учесници, сведоци, современици на тој настан. И тоа не станува збор за големи фигури, туку напротив, секојдневни луѓе, некои и деца, кои самата револуција ја доживуваат непосредно. Според принципите на документарниот театар, претставата се случува активно пред нашите очи и ние како гледачи сме дел од креативниот процес на самата претстава. Од една страна, актерите не се поставени пред нас како опоненти, туку како наши соработници, кои ќе ни помогнат полесно да се пробиваме низ драмското дејство. А потоа, пак, снимениот материјал, кој треба да се толкува како автентичен/документарен, исто така помага да се совлада материјалот и ние како гледачи да станеме директни учесници во претставата. Страшната и трауматична историја на Романија, ставена во денешен контекст како да опоменува и има силен ангажиран однос кон секојдневието што го живееме. Претставата Кој пукаше на 21-ви? е парадигматски пример за претстава што функционира во точен временски контекст и покрај тоа што се однесува на друг просторно-временски модел. Актерската игра е колективна, составена од актери од различни театри и слободни уметници, целосно фокусирана на драмското дејство, поточно на совладувањето на трагиката и на нејзино поставување на главен елемент околу кој се развива самата претстава. Тоа значи, дека, благодарение на актерите и нивната непосредна игра, одбегнато е класичното, емотивно поврзување со приказната и е направена современа актерска интервенција во создавањето на претставата. Претстава што опоменува, влијае, дише, се движи, претстава што е актуелна во еден актуелен миг и претстава што треба да се види.то сме можеле да бидеме и она што сме. да бидеме и она што сме.

ФЕСТИВАЛИ И ТУРНЕИ

27.09.2015 – International Theatre Festival MOT, Skopje, Macedonia

 

23. 05.2016 - Euroregional Theatre Festival Timișoara - TESZT

bottom of page