


„Ехo од длабочината“ е имерзивен, VR-перформанс од два дела што поетски ја истражува еколошката ранливост на Охридското Езеро. Создаден од транснационален креативен тим од Северна Македонија, Србија, Босна и Германија, делото е инспирирано од уметничкото истражување и личните размисли на осум меѓународни уметници кои учествуваа на уметничката резиденција во Охрид во рамките на проектот ПРОСПЕР.
Перформансот започнува со виртуелно патување низ уникатниот подводен свет на езерото, воведувајќи ја публиката во интимна средба со неговите загрозени екосистеми. Потоа преминува во интерактивен ДЕЛ, каде гледачите директно комуницираат со изведувачите, соочувајќи се со еколошките предизвици на регионот и промислувајќи го влијанието на човекот во овој процес.
Искуството кулминира со партиципативен чин: секој член на публиката е поканет да испрати лична порака до жителите на Охрид.
Режија:
Нина Николиќ и Борјан Стојков
Играат:
Саша Ханџиќ
Маја Зеќо
Благој Веселинов

ЕХО ОД ДЛАБОЧИНАТА
Овој проект е кофинансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во него се единствено на авторот/авторите и не ја одразуваат официјалната позиција на Европската Унија, ниту на Извршната агенција за образование и култура (EACEA). Европската Унија и EACEA не можат да се сметаат за одговорни за нив.










