


Без норми,
Нема правила
Концепт и режија:
Нина Николиќ
Играат:
Нина Деан
Симона Спировска
Билјана Јовановска
Тина Трпковска
Александра Кочовска
Продуцент:
Русе Арсов, Емилија Чочкова
Музика:
Васко Серафимов
Костим:
Драгана Лукан
Организација:
Филип Николовски, Горан Арсов
Трите млади актерки од Факултетот за драмски уметности во Скопје- Симона Спировска, Нина Деан и Билјана Јовановска како и Александра Кочовска, дипломирана на Салзбуршката експериментална академија за танц и Тина Трпкоска во улога на еден вид на наратор-во кореодрамата „No Norms No Rules“ раскажуваат за борбата, страста, разочарувањето ... Но тоа е приказната исцртана од „креаторите и учесниците" во кореодрамата.
На гледачите им се остава простор, тие самите да ја видат својата лична сторија во кореографиите. Не гледаме сите со исти очи. Свежината е и во тоа што девојките во кореодрамата контстантно ротираат во просториите на ЦК. Дел од кореографиите се повторуваат, а дел се прикажуваат само еднаш. Наративната линија е секаде иста независно од која просторија ќе се гледа претставата, но аспектот е сосема различен. „No Norms No Rules“ е драма која може да се гледа повеќе пати и различно да се види.
Фестивали и турнеи:
12.04.2010 - Танц фест Скопје