
БАКХИ: АГАВА
Играат:
Симона Спировска
Александар Михајловски
Григор Јовановски (со снимен глас)
Марија Кеврекиду (со снимен глас)
Ана Марија Бутниок (со снимен глас)
Афродита Атанасопулу (со снимен глас)









Костимограф:
Ивана Каранфиловска Угуровска
Сценограф:
Дизајнер на звук:
Александар Арсиќ
Инспициент:
Вукица Александрова
Фотограф:
Дени Ингилизовски
Дизајнер на плакат:
Димитар Димитров
Премиера: декември 2022 Македонски народен театар Скопје
Времетраење: 50мин без пауза
ОД БАХАНТКИТЕ ДО АГАВА
Во „Бахантките“ на Еврипид, една од Тебанките која го прифаќа култот на Дионис — Агава, поголемиот дел од драмата го поминува „надвор од сцената“, таа е ликот за кој се зборува, а нејзиното однесување е предмет на толкување и прераскажување на останатите (машки) ликови: пред сè синот Пентеј, таткото Кадмо, Дионис, но и Гласникот, сведокот на баханалиите. Значи, Агава е жртвата и средството за одмазда на Зевсовиот и Семелиниот син, која како лик отсуствува до самиот крај. Додека се одвива главниот конфликт на линијата меѓу Пентеј — Дионис, Агава прозборува само во последниот чин, по чедоморството. Но, злочинот го прави во состојба на занес и транс, таа сопствените постапки не е во состојба рационално да ги процесира/обработи и да ги вербализира. Токму затоа, во процесот на развивање на овој текст, во кој гласот и централниот простор ѝ се дава на Агава, се обидовме да го дефинираме коренот на нејзините проблеми и незадоволството. Прашањето од кое тргнавме е: која е оваа жена денес?
Од текстот сосема го отстранивме божествениот, односно митолошкиот аспект и приказната за Агава и Дионис ја поставивме во рамките на трагедијата на животите на обичните смртници. Така, Дионис не сака признание во градот, туку во рамките на семејството кое се откажало од него уште како бебе - тој е човек без идентитет, желен да припаѓа некаде и да биде прифатен. Од друга страна, Агава е самохрана мајка, работничка во фабрика за преработка на текстил, која своето секојдневие го поминува служејќи им на другите дома и на работа. Овие двe осамени единки се препознаваат и се обидуваат да создадат микросвет во кој ќе го добијат она што им недостига. Доаѓањето на Дионис го буди сознанието во Агава дека таа може да биде многу повеќе од невидлива и експлоатирана, подредена жена. Но, нејзиното ослободување носи трагични последици.
Тамара Барачков