top of page
IMG_9465.jpg
Разговори во 4 очи

Режија:

Нина Николиќ

Играат:

Маја Љутков

Благој Веселинов

Саша Ханџиќ

Маја Зеќо/Жаклина Петровска

 

Сценографија:

Илина Ангеловска

Костимографија:

Ивана Каранфиловска Угуровска

Музика:

Оливер Јосифовски

Премиера на 3 декември 2025 година

во Театар Комедија (Мала сцена)

Времетраење: 65 мин

АННА
Драгана Лукан Николоски

„АННА“ - Цената на слободата

„Анна“ е претстава според истоимениот драмски текст на Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ. Станува збор за праизведба на текстот кој е дел од авторскиот проект „Трилогија за љубовта“, заедно со драмите „Марта Верина“ и „104“.

Иако инспирирана од „Ана Каренина“, драмата не претставува адаптација, туку современа, длабоко интимна приказна што го поставува прашањето:
дали светот – и ние самите – навистина сме се промениле? И дали денес Ана има шанса да победи?

Ана има сè – углед, стабилност, совршено семејство. Но зад затворените врати се крие друга вистина: таа е невидлива во сопствениот живот. Средбата со Алексеј ѝ носи страст и илузија за слобода, но отвора и нова дилема: може ли навистина да се ослободи, или бегството станува ново ропство?

„Анна“ е драма за жената која избира да има избор и ја плаќа цената на својата одлука. За бракот како кафез, за бунтот кој создава нови ограничувања, и за вечното прашање: Што губиме кога се обидуваме да се пронајдеме?

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на РСМ и Гете-институтот, а претставата се реализира како копродукција меѓу Перипетија продукција и Театар Комедија.

bottom of page