top of page

ПЕТРЕ
АРСОВСКИ

Биографија Петре Арсовски

Петре Арсовски
Актер

Петре Арсовски е роден во с. Мокрени, Велешко, на 12 јуни 1945 година. Во 1974 година се вработува како актер во Македонскиот народен театар каде работи сѐ до пензионирањето во 2009 година. Во текот на својата професионална актерска кариера остварил многу  исклучителни улоги како на филм така и во театар, за што е добитник на бројни награди и признанија. Се вбројува во редот на најуспешните и најплодните македонски актери со своите над 60 театарски премиери и 50 улоги на филм и ТВ. Меѓу импозантниот број остварени ликови треба да се истакнат оние во Среќна нова 49, Буре барут, Балканот не е мртов, Ништо без Трифолио, Од другата страна, односно во филмовите Време, води, Јужна патека, Нели ти реков, Најдолгиот пат, Истрел, Тетовирање, Среќна нова 49, Балкан-кан, Стапица, На изгрејсонце итн. Значителен е неговиот придонес во “златното“ време на македонскиот филм и театар, по што учествува и во неколку странски продукции. Со својата дејност активно продолжува и по пензионирањето во филмски проекти и театарски претстави надвор од својата матична куќа.

 

Стручната јавност/критиката, но и македонската публика го сметаат Петре Арсовски за „жива легенда“ на македонскиот филм и театар.

bottom of page