top of page

Нина
Николиќ

IMG_2828.JPG
Нина Биографија

Нина Николиќ

Театарски режисер

Нина Николиќ е родена во Скопје. Дипломирала Театарска режија на Факултетот за драмски уметности – Скопје во 2010 година, каде магистрирала во 2014 година и каде докторирала во 2021 година.

Помеѓу нејзините позначајни претстави спаѓаат: Отело (2019) на Вилијам Шекспир копродукција помеѓу Перипетија продукција, МНТ и БНП Зеница, Галеб (2018) на А.П.Чехов во продукција на МНТ, Белградска трилогија (2017) на Биљана Србљановиќ во продукција на Перипетија продукција, Разговори во четири очи (2015) на Ингмар Бергман Треперење (2011) во продукција на Скопје Филм Студио и Македонски народен театар, Кој пукаше на 21ви? (2014) според Луда Шума на Керил Черчил во Младинскиот културен центар, Евридика (2013) на Сара Рул во Драмски театар – Скопје, Пеликанот (2012) на  Август Стринберг проект на Шведската амбасада во Скопје и Факултетот за драмски уметности како и претставата Секс, лаги и диви гуски (2012) според Олд Сејбрук на Вуди Ален во проукција на Круг продукција и Младинскиот културен центар и многу други.

Нејзината богата биографија го вклучува следново:

 

- Од Јануари 2021 до денес е координатор на меѓународниот проект „Патиштата на хероите“ поддржан од Креативна Европа.

- Од 2018 до денес е член на управниот одбор на Македонскиот народен театар.

- Од 2015 до денес е уметнички раководител на Друштвото за театарска и филмска продукција ПЕРИПЕТИЈА , каде

- Од 201 до 2018 била член на уметничкиот совет на меѓународниот фестивал МОТ.

- Била проект координатор на меѓународниот проект Пеликанот, ко-продукција помеѓу 5 регионални факултети за драмски уметности.

- Од 2016 е вработена како режисер во Македонскиот народен театар како постојан член на ансамблот.

bottom of page