НИНА ДЕАН
ГАЧИЌ

Нина Гачиќ
Актерка
Нина Деан е родена на 31.07. 1987 во Нови Сад. Уште за време на студирањето се истакнувала според исклучителните актерски капацитети и учествувала во различни сценскоизведувачки остварувања. Од 2012 до 2015 година е вработена во НУ Театар комедија и е еден од водечките актери во театарот. Во истата година започнала и со предавање на глума и сценско однесување во балетското студио Ребис. Во моментов е дел од ансамблот на МНТ. Покрај значајните актерски остварувања во матичната куќа таа е постојано активна и на независната театарска сцена, и добитничка на повеќе награди, помеѓу кои: награда за најдобра главна женска улога на фестивалот на античка драма „Стоби“ (2014), на наградата за најдобра женска главна улога на меѓународниот фестивал во Суботица (2013), како и на наградата “Златна бубамара на популарноста” за најдобра млада актерка (2012). Покрај тоа што остварила голем број театарски и филмски улоги, таа работела и како кореограф и учесник во следниве проекти: Евридика Драмски театар Скопје во режија на Нина Николиќ, Заспани Факултет за драмски уметности Скопје (кореодрама според „Три сестри“ од А.П.Чехов, во режија на Нина Николиќ), Троил и Кресида Македонски народен театар во режија на Љубиша Ристиќ, Без норми и правила Културен центар ЦК во режија на Нина Николиќ, За секого има по една НУ Театар комедија во режија на Владлен Александров, Вртелешка Драмски театар Скопје во режија на Теа Беговска.
Помеѓу нејзините позначајни театарски проекти спаѓаат: Нешто пропуштаме НУ Театар комедија (2015), Кој пукаше на 21ви? Младински културен центар (2014), Женидба НУ Театар комедија (2013), Лет над кандидатското гнездо НУ Театар комедија (2013), Животот на Молиер Македонски народен театар (2012), Ах, љубов моја НУ Театар комедија (2012), За секого има по една НУ Театар комедија (2012) Исти на различен начин проект на ОБСЕ (2012), Волшебникот од Оз Театар за деца и младинци (2012), Шехерезада Македонски народен театар (2011), Лајк Балетско студио Ребис/Македонски народен театар (2011), Темпирана Опера Македонски народен театар (2010), Немој ти мене Фауст Македонски народен театар (2010), Гнев Факултет за драмски уметности – дипломска претстава (2010), Четири часовен спектакл: Троил и Кресида Македонски народен театар (2009), Мара/Сад Македонски народен театар (2009). Помеѓу нејзините позначајни филмски проекти спаѓаат: Самитот на шаманите во режија на Александар Станковски, Ова не е американски филм во режија на Сашо Павловски, Скопје Ремикс во режија на Борјан Зафировски, Бунило (дипломски филм на Дарјан Пејовски), Балканот не е мртов во режија на Александар Поповски.