top of page

ИВАНА КАРАНФИЛОВСКА УГУРОВСКА

Биографија Ивана

Ивана Каранфиловска Угуровска

Костимограф

Ивана Каранфиловска е родена на 07.03.1986 во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности – Скопје во 2010 година на студиската програма ликовна педагогија, насока графика. Како ликовен педагог своето стручно дооформување го остварила на бројни семинари во областа на педагогијата и работата со ученици од основно и средно образование, но нејзината кариера уште од дипломирањето е фокусирана на театарската костимографија. 

 

Во моментов Каранфиловска е врботен костимограф во Театар комедија Скопје, а во нејзината биографија има бројни независни и институционални театарски проекти каде се појавува како автор. Во последно време нејзината работа претставува освежување на македонската театарска сцена. Помеѓу нејзините позначајни театарски проекти спаѓаат: Отело (2019) копродукција помеѓу Перипетија продукција, МНТ и БНП Зеница, На отворено (2018) на Славомир Мрожек во продукција на Театар комедија, Галеб (2018) на А.П.Чехов во продукција на МНТ, Белградска трилогија (2017) на Биљана Србљановиќ во продукција на Перипетија продукција, Разговори во четири очи (2015) во продукција на Скопје филм студио и МНТ, Кој пукаше на 21ви? (2015) на Керил Черчил во Младинскиот културен центар, Евридика (2013) во Драмски театар – Скопје, Пеликанот (2012) проект на Шведската амбасада во Скопје и Факултетот за драмски уметности како и претставата, Секс, лаги и диви гуски (2012) според Олд Сејбрук на Вуди Ален во проукција на Круг продукција и Младинскиот културен центар, Пинокиот и црвенкапа во потрага за Аладиновата ламба (2011) во Tеатарот НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово и двете според текстови на Драгана Лукан Николоски; 

bottom of page