top of page

ГЕНЕРАЦИЈА X

Кореографи:

Андријана Атанасова, Леона Танасковска и Стефанија Лефетровска

 

Екипа:

Нина Деан, Симон Симоновски, Ангела Апостолова и Теа Илиева

Фотограф:

Борис Кајевски

Поддржано од: ЈП Паркинзи на општина Центар, Перипетија

Премиера 20 јуни 2017

Македонски народен театар (Голема сцена)

Времетраење: 60мин

Генерација Х

Генерација ИКС
(Годишен концерт/Претстава/Кореографија)


На крајот на секоја учебна година, Балетското студио Ребис го изведува својот традиционален годишен концерт во кој учество земаат сите редовни членови. Станува збор за спектакуларен настан кој не го одминуват танчерите, но и познатите актерски имиња и естрадните ѕвезди.


Генерација ИКС е претстава/кореодрама која зборува за детството во 21 век. Какво влијание на децата има напредокот на технологијата , модата, интернетот, кои им се идоли и какви информации допираат до нив. Целта на претставата е да постави прашање и понуди одговор. Претставата е од едукативен карактер како за децата така и за возрасните.


Средставата од продадените билети се дадени во хуманитарни цели, за 21 годишниот Никола Колев, на кој му се потребни за лекување во странство.

bottom of page