ДАРЈА РИЗОВА

Дарја Ризова
Актерка
Дарја Ризова е родена на 13.02.1987 година во Скопје. Уште за време на студирањето е активна на македонската театарска сцена, а по дипломирањето станува дел од ансамблот на Македонскиот народен театар каде во изминативе неколку години е еден од најзастапените актери.
Покрај значајните актерски остварувања во матичната куќа таа е постојано активна и на независната театарска сцена, а добитничка е на наградата најдобра актрерка на фестивалот „Војдан Чернодрински” (2015), на наградата „Златна бубамара на популарноста“ за најдобра млада актерка (2015), на наградата за најдобра млада актерка на фестивалот „Војдан Чернодрински” (2014), како и на наградата Адријана за главна женска улога на фестивалот Скена Ап во Приштина (2008).
Помеѓу нејзините позначајни театарски проекти спаѓаат: Електра Македонски народен театар (2014), Сината птица Македонски народен театар, Вечна куќа Македонски народен театар (2013), Госпоѓица Јулија Македонски народен театар (2012), Луди за љубов Младински културен центар – МКЦ/Културен центар ЦК (2010), Класен непријател Вондерленд театар (2010), Спиноза Драмски театар – Скопје (2010), Неверство Културен центар ЦК (2009).