НИНА
НИКОЛИЌ

Нина Николиќ
Театарски режисер
Нина Николиќ (родена 1987 година во Скопје) е театарски режисер вработена во Македонскиот народен театар. Дипломирала театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Постдипломски студии завршила во 2014 година, а во 2021 и докторирала на истиот факултет. За доктор по театрска уметност е промовирана во 2022 година.
Селективна театрографија:
-
„Бакхи: Агава“ (2022) во продукција на Перипетија продукција
-
„Народен непријател“ (2022) во продукција на Македонски народен театар како дел од проектот „Патиштата на хероите“
-
„Нема да биде крајот на светот“ (2021) копродукција помеѓу Перипетија продукција, Македонски народен театар и Сараевски Ратни Театар САРТР
-
„Отело“ (2019) копродукција помеѓу Перипетија продукција, Македонски народен театар и Босанско народно позориште Зеница
-
„Галеб“ (2018) во продукција на Македонски народен театар
-
„Буре барут“ (2018) копродукција помеѓу Босански народен театар Зеница и Скопје Филм Студио
-
„Белградска трилогија“ (2017) во продукција на Перипетија продукција
-
„Разговори во четири очи“ (2015) од Ингмар Бергман, во продукција на Скопје Филм Студио и Македонски народен театар
-
„Кој пукаше на 21ви“ (2014) од Шерил Черчил во Младинскиот културен центар
-
„Евридика“ (2013) од Сара Рул во Драмски театар во Скопје
-
„Пеликанот“ (2012) од Аугуст Стриндберг, проект на Амбасадата на Кралството Шведска и Факултетот за драмски уметности во Скопје
-
„Секс, лаги и диви гуски“ (2012), според претставата „Олд Сејбрук“ од Вуди Ален, во продукција на Круг продукција и Младинскиот културен центар
-
„Треперење“ (2011) во Народниот културен центар Јордан Хаџи Константинов Џинот во Велес, и многу други.
Нејзината богата биографија го вклучува следново:
-
Координатор на меѓународниот проект „Театарот ги обединува младите“ TRY поддржан од Креативна Европа (2023 - 2026)
-
Координатор на меѓународниот проект „ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии“ ПРОСПЕР поддржан од Креативна Европа (2022 - 2025)
-
Главен координатор на меѓународниот проект „Патиштата на хероите“, поддржан од Креативна Европа. (2021 - 2023)
-
Член е на Управниот одбор на Македонскиот народен театар од 2018 година до денес
-
Член е на Управниот одбор на Агенцијата за Филм на република Северна Македонија од март 2022 до денес
-
Уметнички раководител на независната театарска и филмска продукциска куќа Перипетија од нејзиното основање. Од 2015 година, таа произведува театарски претстави за деца и возрасни, меѓународни и национални копродукции, креативни видеа и меѓународни турнеи.
-
Била член на уметничкиот совет на Меѓународниот фестивал МОТ од 2012 до 2018 година, каде што учествувала во обликувањето на стратегијата на фестивалот и воспоставила значајни врски со организации за изведувачки уметности во Европа и во светот.
-
Била координатор на меѓународниот проект „Пеликанот“, копродукција помеѓу пет регионални драмски факултети и Амбасадата на Шведска во Македонија.
-
Од 2016 година е вработена како театарски режисер во Македонскиот народен театар.
САША
ХАНЏИЌ

Актер
Саша Ханџиќ е босански театарски и филмски актер. Дипломирал на Академијата за сценски уметности во Сараево во 2007 година, а од 2009 година е член на ансамблот на Босанскиот народен театар во Зеница, оттогаш игра значајни улоги во повеќето продукции.
Добитник е на следните индивидуални театарски награди: Награда од жирито за најдобар млад актер и награда од жирито на публиката за најдобар актер, Национален театарски фестивал во Брчко (2013), Награда за најдобар млад Актер, Фестивал на драма во БиХ Зеница (2009); како и многу колективни актерски награди на повеќе фестивали.
Меѓу неговите најважни улоги се:
· Јаго (Отело, 2019)
· Таткото на Џулиета (Ромео и Јулија, 2018)
· Анѓелко, Борис (Буре барут, 2018.)
· Владек (Кој го уништи Берлинскиот ѕид, 2014)
· Суљо и Фата (Мујо, Суљо и Фата во општеството на спектаклот 2013)
· Повеќе улоги (Освојување на среќата, 2013)
· Наставникот (Шведско огниште на мајка ми 2009).