АМЕРНИС НОКШИЌИ ЈОВАНОВСКА

Амернис Нокшиќи Јовановска
Актерка
Амернис Нокшичи е роденана 03.10.1977 година во Приштина, Косово. Дипломиралa актерска игра на Факултетот за драмски уметности – СкопјенаУниверзитетот “Св. Кирил и Методиј” во 2001. година во класата на професор Владимир Милчин и оттогаш до денес работи како актерка во Албанскиот театар во Скопје. Во изминативе години одиграла значајни улоги во матичниот театар, во други институционални театри, како и во бројни независни продукции, а играа и на албански и на македонски јазик. Учествувала на бројни фестивали во својата земја, како и во странство, а добитничка е и на повеќе награди помеѓу кои: Награда Flaka e Janarit за главна женска улога во претставата Прст (2014, Косово), Награда за главна женска улога во претставата Прст на Фестивалот „Војдан Чернодрински” (2013), Награда за споредна женска улога за претставата Кабаре на Фестивалот „ВојданЧернодрински” (2011), Награда за главна женска улога во долгометражниот филм Сакав да го видам сонцето (2004, Косово).
Помеѓу нејзините позначајни театарски проекти спаѓаат: Вечера на лудаци во театарот НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово (2014), Прст во Албанскиот театар – Скопје (2013), Просјачка опера во Албанскиот театар – Скопје (2012), Аквариум, во Албанскиот театар – Скопје (2012), Пари во албанскиот театар – Скопје (2012), Театар, љубов и други работи во Албанскиот театар – Тетово (2012), Оркестар в Албансиот театар – Скопје (2011), Светица на темнината копродукција помеѓу Независниот културен центар ЦК и Младинскиот
културен центар (2011), Пер Гинт во Албанскиот театар – Скопје (2010), Норвешка денес во Албанскиот театар – Скопје (2010), Генералот на мртвата војска во албанскиот театар – Скопје (2009), Момчето со куферот во детскиот театарски центар (2008), Мост во детскиот театарски центар (2008), Сината соба во Албанскиот театар – Скопје (2007), Таверна на крстосницата во Албанскиот театар – Скопје (2004), Татково Албанскиот театар – Скопје (2004), Дневникот на лудиот во Албанскиот театар – Скопје (2001) како и многи други.